7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНаскоро Трезорот ќе биде достапен за јавноста

Наскоро Трезорот ќе биде достапен за јавноста

Граѓаните наскоро ќе можат на компјутер да видат како се троши секој денар од државниот трезор.

Ова го најави министерот за финансии, Драган Тевдовски, на економскиот форум на тема „Македонската економија, помеѓу визија и дилема: предизвици на економските политики“, организиран од „Фајнанс тинк“.

Тој денеска најави дека од април ќе почне дебатата за воведување прогресивно оданочување со кое се предвидува за секој приход остварен над границата од илјада евра да се плаќа данок од 18 проценти.

Според Тевдовски, приход од над илјада евра во Македонија остваруваат околу два отсто од граѓаните. Тој на форумот „Македонската економија меѓу визија и дилема“ посочи дека данокот на доход на приход до илјада евра ќе остане ист, односно 10 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП