28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОПЕК и Русија можат да се обединат во следните 20 години

ОПЕК и Русија можат да се обединат во следните 20 години

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и Русија работат заедно за постигнување на долгорочен договор за ограничување на производството, кој може да ја прошири контролата на светските нафтени резерви со водечките производители во следните години, соопштува „Ројтерс“.

Саудискиот престолонаследник Мохаммед бин Салман изјави за агенцијата дека Ријад и Москва размислува продолжување на Алијансата за ограничување на производството, кое започна во јануари 2017-та година, откако цените на суровината паднаа.

„Ние вложуваме напори да се преселиме од договорот што го преговараме од година во година, до договор од 10-20 години“, рече наследникот. „Ние имаме договор за големата слика, но не и за деталите“.

Најголемиот производител во „ОПЕК“, Саудиска Арабија ја привлече Русија и други производители за соработка со картелот, кога цените на нафтата паднаа од над 100 долари за барел во 2014-та година до под 30 долари во 2016-та година.

Суровата нафта закрепна на 70 долари, но брзорастечките американски производители на шкрилци ги поставуваат цените.

Русија, која никогаш не била членка на „ОПЕК“, работела заедно со картелот и при претходните презаситувања, уште во 90-тите години, но 10-20-годишен договор меѓу двете би била апсолутен преседан.

Престолонаследникот, исто така, рече дека 5% од државната нафтена компанија „Saudi Aramco“ би можеле да бидат продадени на крајот од 2018-та или почетокот на 2019-та година во зависност од условите на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП