20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОд кога изби скандалот, вредноста на Фејсбук потона за 80 милијарди долари

Од кога изби скандалот, вредноста на Фејсбук потона за 80 милијарди долари

На Вол Стрит во вторникот, берзантските индекси значително паднаа, во голема мера се одрази поради остриот пад на цените на акциите во технолошкиот сектор.

Dow Jones се лизна за 344 поени или 1,43 отсто на 23.857 поени, S&P 500 потона за 1,73 отсто, на 2.612 поени, додека Nasdaq индексот 2,93 отсто, на 7.008 поени.

Ова е во голема мера резултат на остриот пад на цените на акциите во технолошкиот сектор бидејки инвеститорите се загрижени во врска со можноста за построги регулативи по случајот на неовластеното користење на податоци од страна на Фејсбук.

Цената на акциите на Фејсбук, кој е под притисок од кога се дозна дека на консултантска фирма Кембриџ Аналитика, која работеше на предизборната кампања на претседателот на САД, Доналд Трамп, доби пристап до податоци од 50 милиони корисници на Фејсбук, без нивна согласност, потонаа вчера за уште 5 проценти.

Од избивањето на овој скандал, уделот на “Фејсбук” паднал за речиси 18 отсто, губејќи околу 80 милијарди долари од пазарната вредност.

Технолошкиот сектор минатата година убедливо предводеше по добивки на пазарот, но од почетокот на овој месец изгуби повеќе од 5 отсто, и е на пат на најголема месечна загуба од април 2016 година.

Вчера остро од 12 отсто падна цената на акциите на Твитер, додека цената на акциите на производителот на чипови Nvidia падна 8 отсто, а Alphabet мајката компанија на Google падна за 4,5 проценти.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП