27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУште еден даночен рај под притисок

Уште еден даночен рај под притисок

andora2

Соочена со притисокот од Европската унија, поради проблемите со даночното затајување, Андора до крајот на јуни ќе воведе данок на личен доход.

Во моментов во „пиринејскиот даночен рај“ не постои данок на доход кој се однесува на поединци или корпорации.

Антони Марти, претседател на влада на Андора изјави дека Кнежевството „постепено ги имплементира меѓународните даночни стандарди“.

Министрите за финансии на ЕУ се согласија да ги започнат преговорите со Андора, заедно со Швајцарија, Лихтенштајн, Монако и Сан Марино, за размена на податоците од банкарските сметки.

Европската комисија неодамна му порача на Европскиот парламент дека сака размена на сите видови податоци за приходите, како дел од борбата против даночното затајување.

Властите на земјите од ЕУ разменуваат информации за вработувањето, пензиите и осигурувањето, но не и за приходите како што се дивидендата или капиталната добивка, потсетуваат агенциите.

Даночното затајување, членките на Европската унија ги чини 1.000 милијарди евра на годишно ниво, повеќе од сумата која во 2008 година беше потрошена за здравствена заштита.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП