7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМаркус Гинјард – пример за младината и шампион

Маркус Гинјард – пример за младината и шампион

Значајната улогата на спортот во општеството е незанемарлива. Спортистите не се единствени кои ги уживаат многубројните предности, туку заедницата исто така има видни бенефиции. Креирање движења, навики, верувања и животен стил се само неколку. Голем број професионални спортисти не се свесни за моќта која ја поседуваат и можноста да влијаат и допринесат за околината. Кошаркарот на КК Работнички, Маркус Гинјард, ја користи сопствената платформа на еден поинаков начин. Сметајќи дека спортот е учител за животните вредности, ефективната меѓусебна комуникација и амбиција, тој е вклучен во бројни хуманитарни акции, а има и сопствен камп за млади играчи „Камп за Кошарка на Маркус Гинјард“ во Вирџинија и Северна Каролина, со цел да ги поддржи младите во неговата средина.

Роден во Рочестер, Њу Јорк, со потекло од кошаркарско семејство, љубовта кон кошарката кај него се вродила од најмала возраст. Почетните кошаркарски вештини ги стекнал од својата мајка и брат, па затоа со овој спорт е поврзан и на емоционално ниво. Поради многубројните натпревари, уште како дете животот му бил исполнет со многу патувања заедно со семејството, кое било негова најголема поддршка. Денес, Маркус е член на еден од најпознатите македонски клубови и е еден од највлијателните играчи. Токму ова се должи на неговото големо кошаркарско искуство, каде претходно играл во 10 клубови ширум светот.

Благодарение на честите промени во неговиот живот, неговата професионална кариера, Македонија ја прифаќа со лесна адаптација, а особено ужива во македонската кујна и пријателски настроените луѓе. Маркус е познат по својот алтруистички дух и уникатен поглед на значењето на општествената одговорност. Придвижен од слоганот „Хуманоста е единствена религија чија што идеологија не може да се упропасти и искриви“, тој се залага за поквалитетен живот на младите каде и да опстојува. Во нашата земја, својот активизам го изрази со посета на децата од СОС Детско село и Ј.У. Детски дом „11 Октомври“ во Скопје, каде на забавен начин додели бројни подароци и спортска опрема. Она што им остави најголем впечаток на децата е неговата морална поддршка и совет дека секој треба да се стреми кон тоа да работи на себе, да помогне на други и да биде добра личност. Секако, децата се радуваа и на поканата да играат кошарка заедно со Маркус и останатите млади членови на КК Работнички во нивната сала. Со овие дела Маркус сигурно се приближува до својата цел да остави отпечаток на позитивност зад себе, а и насмевките на младите се негова дополнителна мотивација.

Кога станува збор за македонскиот кошаркарски клуб Работнички, тимот е освојувач на 14 Првенствени титули, девет Куп титули, како и две Суперкуп титули. Овој успех се должи на напорната работа и труд, успешната комуникација меѓу членовите и тимската работа. Маркус тврди дека одлично се согласува со соиграчите и нивната дружба продолжува и надвор од теренот. Смета дека преку кошарката може да се научи за довербата, самодовербата, тимска-игра, дисциплина, комуникација и решителност.  Неговата цел во област на кошарката е да биде запомнат како шампион.

Маркус не ги открива неговите следни чекори, туку ќе ги покаже на дело. Со тоа своите фанови ги остава со доза на возбуда и неизвесност, но со надеж за голем понатамошен успех.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП