5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSoftbank ќе го гради најголемиот соларен парк во светот во С. Арабија

Softbank ќе го гради најголемиот соларен парк во светот во С. Арабија

Саудиска Арабија има потпишано меморандум со „SoftBank Group Corp.“ за изградба на соларен парк во вредност од 200 милијарди долари во кралството, опишувајќи го како најголем во светот.

Основачот на „SoftBank“, Масајоши Сон изјави дека гледа на проектот, кој вклучува сè од генерирање на електрична енергија до производството на соларни панели, како начин за намалување на зависноста на Саудиска Арабија од нафтата. Проектот исто така ќе создаде 100.000 работни места и ќе ги намали за 40 милијарди долари енергетските трошоци на земјата. Вкупниот капацитет на паркот ќе достигне 200 гигавати до 2030-та година, според компанијата.

Престолонаследникот на Саудиска Арабија принцот Мохамед бин Салман е во тринеделна посета на САД. Тој и Сон го потпишале вчера Меморандумот во Њујорк. Зделката ги продлабочува односите на „SoftBank“ со најголемиот извозник на сурова нафта во светот и бележи напредок во амбициите на принцот да ја диверзификува економијата на Саудиска Арабија.

„Ова е голем чекор во историјата на човештвото. Начинот е храбар, ризичен и се надеваме дека ќе успееме“, изјави принцот Мохамед по потпишувањето на меморандумот.

„Кралството има многу сонце, многу земја, одлични инженери и работна рака, но најважно – најдобра визија“, рече од своја страна Сон.

„SoftBank“ планира да инвестира 25 милијарди долари во Саудиска Арабија во наредните 3-4 години. Инвестициите на компанијата се само во нов град кој принцот планира да го изгради на брегот на Црвеното Море, ќе изнесуваат 15 милијарди долари.

Инвестициониот фонд на јапонската компанија „Vision Fund“, исто така, планира да инвестира околу 10 милијарди долари во државната „Saudi Electricity Co.“.

Саудиска Арабија прави повеќе и повеќе договори поради амбициите на принцот за диверзификација на економијата на земјата. Саудискиот државен инвестициски фонд, кој има средства од над 224 милијарди долари, инвестираше речиси 54 милијарди долари минатата година. Продажбата на околу 5% од нафтениот гигант „Saudi Arabian Oil Co.“ се очекува да и обезбеди на земјата дополнителни средства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП