23 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes ја освежи најмоќната C-Class (фото+видео)

Mercedes ја освежи најмоќната C-Class (фото+видео)

Компанијата „Mercedes-Benz“ го заврши обновувањето на целото семејство на „C-Class“. По основните верзии на седанот, караванот, купето и кабриолетот, како и нивната поголема спортска модификација „C 43“, германскиот производител ја претстави топ-верзијата на моделот „AMG C63“.

Четирите автомобили ќе и бидат прикажани на публиката на саемот во Њујорк. За разлика од другите модели на семејството кои добија нови мотори, „AMG 63“ го задржува сегашниот 4,0-литарски битурбо „V8“.

Во верзијата „C 63“, моторот повторно развива 476 КС. и 650 Nm, а во верзиите „S“ – 510 КС. и 700 Nm. Агрегатот сепак веќе работи со нов менувач – наместо 7-степениот „AMG SPEEDSHIFT MCT“ се користи 9-степен. Моќта се пренесува само на задните тркала.

Промената на преносот не влијаеше на карактеристиките. Купето забрзува од 0 до 100 км/ч за 3,9 секунди, седанот за 4,0 секунди, а караванот и кабриолетот за 4,1 секунди. Во седанот и купето, максималната брзина е 290 км/ч, додека кај караванот и кабриолетот е 280 км/ч. Сите верзии се со 476 КС и имаат ограничувач на брзината на 250 км/ч.

Најзабележлива разлика кај обновениот „Mercedes-AMG C 63“ е решетката на ладилникот „Panamericana“ со вертикални ребра. Во задниот дел се новите издувни цевки и дифузер, а во кабината веќе е поставена дигитална инструмент-таблата и нов „AMG“ управувач.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП