27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGSK ги купува акциите на Novartis од нивното заедничко вложување за 13...

GSK ги купува акциите на Novartis од нивното заедничко вложување за 13 милијарди долари

Британската фармацевтска компанија „GlaxoSmithKline“ (GSK) објави дека ќе купи дел од 36,5% на „Novartis“ во нивното заедничко друштво за потрошувачка грижа за здравјето за 13 милијарди долари во кеш и ќе започне стратешки преглед на некои други свои бизниси, соопштува „Ројтерс“.

Минатата недела, „GSK“ одби да се бори за купување на здравствена заштита на потрошувачите на „Pfizer“, загрозувајќи ја аукцијата за која американската фармацевтска компанија се надева дека ќе и донесе до 20 милијарди долари.

Наместо тоа, британскиот производител ќе ја преземе целосната контрола врз „Novartis“ формирана во 2015-та година, чии производи вклучуваат пастата за заби од „Sensodyne“, таблетите „Panadol“ и гелот за мускулни болки „Voltaren“.

„Предложениот договор е насочен кон еден од нашите клучни приоритети за распределување на капиталот и ќе им овозможи на акционерите на „GSK“ да ја добијат целосната вредност на еден од водечките во светот бизниси во корисничката грижа за здравјето“, изјави главниот извршен директор Ема Вомсли.

„Договорот ќе ги зголеми прилагодените приходи и паричните текови, кои ќе ги поддржат напорите за подобрување на перформансите“, рече таа.

„Најважно, ова ја отстранува неизвесноста и ни овозможува да ја планираме употреба на нашиот капитал за други приоритети, особено за фармацевтските истражувања и развој“, додава Вомсли.

Договорот ќе заврши во вториот квартал и ќе биде предмет на соодветни одобренија.

„GSK“, исто така, рече дека ќе започне стратешки преглед на „Horlicks“ и други додатоци во исхраната. Прегледот ќе вклучи проценка на своето учество во индиската подружница „GlaxoSmithKline Consumer Healthcare“.

„Иако нашето заедничко претпријатие за потрошувачка грижа за здравјето со „GSK“ се поднесува добро, моментот е точен, за да се раздели „Novartis“ со својот дел за атрактивна цена“, изјави главниот извршен директор на „Novartis“, Вас Нарасимхан.

Средствата ќе бидат искористени од страна на „Novartis“ за експанзија на органскиот бизнис и превземања, рече компанијата од Базел.

Акциите на „Novartis“ пораснаа за 1,6 отсто по објавувањето на информацијата, а на „GSK“ за 2,04 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП