23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСекој нов објект ќе мора да има калориметри

Секој нов објект ќе мора да има калориметри

Владата го утврди Предлог-законот за енергетика и согласно член 137 од Деловникот на Собранието, донесе одлука предлог-законот да го достави до парламентот.

Целта на законот во прилог на либерализација на пазарот со енергенси, меѓу другото, е да се поедностави учеството на трговците со електрична енергија и природен гас од други земји на пазарите во земјава преку регистрација во Регулаторната комисија за енергетика, и да се овозможи пристап и приклучувањето на трети страни на системите за пренос и дистрибуција на енергија што е целосно во согласност со барањата од директивите и регулативата на ЕУ.

Во делот на пазарот на топлинска енергија, се наметнува обврска на секој новоизграден објект што се приклучува на системот за дистрибуција на топлинска енергија да има вградено уреди за мерење на локалното распределување на топлинската енергија (калориметри). Со новите предлог законски решенија се воведуваат нови мерки за финансиска поддршка за поттикнување на производството на обновливите извори на енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП