
Министерот за здравство Венко Филипче, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Наумовски денеска ќе имаат средба со граѓанската организација „Лил“ која ја покрена иницијативата за ослободување од плаќање на здравствена партиципација за децата од семејства-корисници на социјална парична помош.

