13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија веќе ги издаде сите лиценци за „Северен поток 2“

Германија веќе ги издаде сите лиценци за „Северен поток 2“

Германија ги издала сите потребни дозволи за изградба на екстензиите на морскиот дел на гасоводот „Северен поток 2“, станува јасно од порака на Федералната агенција за морско дело и хидрографија (BSH). Тоа беше последната институција, чие одобрување го чекаше проектот.

Според нејзината оценка новите две цевки по дното на Балтичкото Море се во согласност со барањата и специфичните потреби на превозот и морската средина. Сепак, заштитните мерки за време на изградбата мора да се спроведат со цел да се избегне влијанието врз птиците кои мигрираат.

Дозволите за градба на „Северен поток 2“ се наоѓаат во различни фази во останатите земји во чии територијални води ќе преминат цевките – Данска, Шведска, Финска и Русија.

Должината на целиот гасовод е 1.225 километри и има вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри годишно. Двете цевки ќе бидат изградени паралелно со сегашниот „Северен поток“, кој беше ставен во функција во 2011-та година. Вредноста на гасоводот изнесува 9,5 милијарди евра.

Проектната компанија „Nord Stream 2 AG“ ќе го спроведе проектот. Во неа единствен акционер е „Газпром“, а финансиски инвеститори се европските гиганти „Engie“, „OMV“, „Shell“, „Uniper“ и германската „Wintershall“, која е дел од холдингот „BASF“.

Европа е поделена за „Северен поток 2“. Повеќето земји во Источна Европа стравуваат дека гасоводот ќе зајакне зависноста на ЕУ од рускиот гас. Германија е еден од лобистите за проектот. Во Москва, сепак, јасно е дека гасоводот ќе се гради целосно на економска основа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП