29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАEкозона за собирање стари електронски апарати e поставена во ГТЦ

Eкозона за собирање стари електронски апарати e поставена во ГТЦ

Со цел да се овозможи локација блиску до граѓаните, Општина Центар постави екозона на почетокот на Градскиот трговски центар. Како што наведуваат оттаму, овој простор е наменет за оставање мали електронски уреди и апарати.

„Ова е прва екозона на територијата на општина Центар. Ги повикувам граѓаните на овој начин да се ослободат од опасниот отпад. Со ова директно придонесуваме за здрава животна средина, што е една од главните заложби на мене како градоначалник и на општина Центар. Ние сме секогаш за соработка и поддршка на вакви корисни акции и проекти“, рече градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

Електричниот и електронскиот отпад иако навидум дејствуваат како нетоксичен отпад, нивното несоодветно третирање, уништување и депонирање доведува до испуштање тешки метали во воздухот, водата и почвата, коишто сериозно делуваат на здравјето на граѓаните и воопшто на квалитетот на животната средина.

Општина Центар, во соработка со колективниот постапувач „Нула отпад“ од Скопје, исто така го продолжува проектот за собирање на отпадната електрична и електронска опрема од домаќинствата „Донеси стар уред и земи ваучер со попуст за нов“. Овој проект почна во 2016 година со акции во урбаните заедници и континуирано се спроведува трета година по ред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП