16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција ги одложува клучните реформи во енергетскиот сектор

Грција ги одложува клучните реформи во енергетскиот сектор

Последниот преглед на спасувачката програма за Грција ќе биде разгледан од Еврогрупата во јули, а не во јуни, какви што беа претходните очекувања, соопшти грчкото издание „Катимерини“, повикувајќи се на свои извори.

Причината за одложувањето е дека европските институции имаат воспоставено одложување на клучните реформи, главно во однос на промените во фондот за приватизација, очекувани од кредиторите.

Во Брисел, тие веќе подготвуваат различни сценарија во однос на ситуацијата, се вели во публикацијата. Еден од нив е Грција да не ја добие финалната транша од договорот, која сепак е потребна како финансиски тампон за земјата. Другата опција е незавршената работа да биде вклучена во условите во дополнителната програма по крајот на третиот договор за спасување.

Четвртиот финален преглед на програмата мораше да биде завршен во мај, а резултатите разгледани во јуни. Меѓутоа, сега, европските институции стравуваат дека прегледот нема да заврши до јуни или дури до почетокот на јули. Програмата за спасување на Атина треба да заврши во август.

Во ЕУ гледаат проблеми со приватизацијата на гасниот оператор „DEPA“, нафтената „Hellenic Petroleum“, како и бавното движење на постапката за продажба на ТЕЦ-овите на енергетската „PPC“. Планираната приватизација во енергетскиот сектор треба да заврши до крајот на 2018-та година.

Според грчкото издание кредиторите веќе обратиле внимание на доцнењето на процедурите на енергетскиот министер Јоргос Статакис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП