18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДетскиот ликовен конкурс на "Ладна" кој ја однесе Марта во Дизниленд

Детскиот ликовен конкурс на “Ладна” кој ја однесе Марта во Дизниленд

Патувањето во Дизниленд е искуство кое ги активира сите сетила и ја буди фантазијата не само кај децата туку и кај возрасните. Фантастичните пејзажи, оние кои биле, велат дека не се забораваат, а забавата и возбудата која ја нуди паркот е нешто што вреди да се појде и да се види. За овој сон да стане реалност „Ладна“ четврта година по ред го организира детскиот ликовен конкурс кој на зададена тема ги наградува детските цртежи со патувања токму во овој забавен парк.

Годинешниот конкурс е во тек и темата на која можат да ги испратат своите уметнички дела се „Крај вода одмарам и цртам“.

Но, овој пат нѐ интересираше приказната на минатогодишната победничка Марта Трајаноска која лани, заедно со своето семејство, отпатуваа на оваа дестинација и ги замоливме да ја споделат со нас авантурата во која уживало целото семејство, како и инспирацијата за цртежот.

Марта Трајаноска, 4 години – првонаградена во категоријата од 4-7 години

„Инспирација за Марта беше цртежот на нејзината сестра Марија. Марија нацрта две убави слончиња и заедно со другарчињата од нејзиното одделение ги испратија на конкурсот. Марта само што направи четири години. И додека размислувавме што да нацрта за да учествува гледавме еден анимиран филм – како настануваат пеперутките. Така Марта реши да ја нацрта гасеницата МИЦА која со магија се претвора во прекрасна пеперутка. Марта веруваше дека таа магија ќе ја однесе во Дизниленд. Не само неа туку целото семејство“. Ни раскажува Зорица, мајката на Марта за тоа како се родила идејата за првонаградениот цртеж.

И така и се случи! Марта Трајаноска, била во право кога верувала дека токму тие ќе го добијат наградното патување. Она што понатаму се случувало било бајковидно доживување и дар за целото семејство: „Дизниленд беше вистинска бајка. И не една бајка туку сите бајки на светот! Го видовме Пајо Паторот, ги видовме Елса и Ана, го гушнавме Мики Маус, ги шетавме лавиринтите на Алиса, ги видовме како прекрасно танцуваат Убавицата и Ѕверот, Аладин како лета на волшебното килимче со неговата Јасмин…ја видовме и лошата вештерка што и даде отровно јаболко на Снежана! Влеговме во замокот на Трнорушка, се возевме на возови, летавме заедно со Петар Пан во неговата земја Недојдија…. беше прекрасно. Тие три дена ја живеевме нашата бајка. И на крај сакам да ви порачам, да верувате во магијата на своите соништа, затоа што тие ќе ве однесат до вашата бајка!“

За време на ова прекрасно патување се роди и едно прекрасно пријателство со Јана, која исто така беше првонаградена и уживаше на ова волшебно патување со нејзиното семејство. „Среќни сме што можевме да ја споделуваме нашата среќа со нив. Ви благодараиме „Ладна“ што го остваривте нашиот сон!“.

Ова прекрасно искуство на семјеството Трајаноски е одлична приказна за едно неповторливо искуство, кое и оваа година ќе израдува две дечиња кои ќе ја заслужат првата награда на конкурост кој е во тек. Затоа ангажирајте ги вашите најмали, инспирирајте ги на темата „Крај вода одмарам и цртам“ и цртежите заедно со податоците на детето (име и презиме, датум на раѓање, адреса и телефонски број), испраќајте ги на адреса: ул. „1732“ бр. 2, 1000 Скопје, со назнака „За Ладна ликовен конкурс“ и силно верувајте во магијата на нештата!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП