17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАDow Jones го забележа третото најголемо покачување во историјата

Dow Jones го забележа третото најголемо покачување во историјата

Азиатските акции поскапеа нагло денес откако се појавија информации за неофицијални преговори меѓу САД и Кина што ги обнови надежите дека трговската војна можеби ќе се избегне, што пак влијае негативно на доларот и јенот.

Земајќи пример од вчерашниот скок на „Волстрит“, јапонски „Nikkei“ се зголеми за 1,7 отсто, а кинескиот индекс на „сините чипови“ додаде 1,2 отсто.

Азиско-пацифичкиот индекс „MSCI“ се зголеми за речиси 1%. Јужнокорејскиот „KOSPI“ додаде 0,7%, зголемувајќи го својот раст, откако САД направи исклучок за Јужна Кореја во однос на царините за увоз на челик.

Острата промена во ставовите на пазарот се случи во услови на информации дека Кина и САД преговараат за спречување на војната.

Претставниците на Белата куќа ја замоли Кина да ги намали царините за увоз на автомобили, да дозволи странска мнозинска сопственост на компании за финансиски средства и да купува повеќе полупроводници, произведени во САД, информира „Reuters“, повикувајќи се на запознаен извор.

Кинескиот премиер вчера вети дека ќе продолжи со трговските разговори и ќе го олесни пристапот за американските компании.

Дури и тоа беше доволно за „Волстрит“ да го забележи најдобриот ден по 2,5 години. Индексот „Dow Jones“ вчера се зголеми за 669 поени, земајќи го предвид третиот најголем пораст во својата историја.

„Dow Jones“ скокна за 2,84%, додека „S&P 500“ порасна за 2,72, а пак „Nasdaq“ додаде 3,26%. Сите 11 основни сектори во индексот „S&P 500“ вчера запишаа зголемување, па технолошкиот сектор скокна со 4%, а финансиите со 3,2%.

Овој ненадеен наплив на оптимизам ја засени веста дека САД и многу од нејзините сојузници ќе протера над 100 руски дипломати како одговор мерка против труењето на поранешниот руски шпион во Велика Британија.

Каматата на 10-годишни државни обврзници во САД се зголеми на 2.856%, но остана под максимумот од минатата недела од над 2,90%.

Пазарите на девизен пазар реагираа со продажбата на јенот и американскиот долар.

Ова му овозможи на доларот да поскапе до 105.69 јени, откако неодамна се тргуваше на најниско ниво во однос на јапонската валута од крајот на 2016-та година. Сепак доларот беше распродавана со речиси сите други валути.

Еврото поскапе до 1.2450 долари, откако го мина мартовскиот максимум од 1.2446.

Доларскиот индекс, кој го следи претставувањето на доларот во однос на кошницата од шест други основни валути, беше на ниво од 89.121 поени, откако пред тоа беше допрен петнеделниот минимум од 88.979.

Подобрените пазарни ставови дадоа импулс на индустриските суровини, па цените на бакарот и железото се зголемија, а на самото место цената на златото остана речиси без промена на ниво од 1.352,00 долари за унца.

На нафтените пазари, фјучерсите на американската сирова нафта поскапе за 19 центи до 65.74 долари за барел, додека нафтата од сортата „Брент“ додаде 14 центи на цената до 70.26 долари за барел.

Минатата недела, „Брент“ порасна за 6,4%, а лесната сурова нафта во САД додаде 5,7% на цената, забележувајќи ги своите најдобри резултати од јули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП