8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенеска променливо облачно со локален дожд

Денеска променливо облачно со локален дожд

Променливо облачно време во Македонија со повремени локални врнежи од дожд, на планините со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од нула до шест степени, а дневната температура од три до 16 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе достигне до четири степени, а дневната температура до 12 степени.

Од четврток ќе има позначителен пораст на дневната температура, што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП