ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК започна истрага за заштитни мерки за увозот на производи од челик

ЕК започна истрага за заштитни мерки за увозот на производи од челик

Европската комисија денес започна истрагата за заштитните мерки за увоз на неколку производи од челик во Европската унија, соопшти прес-службата на Комисијата.

Истрагата е една од трите видови мерки што Комисијата ги објави како одговор на ограничувањата за увоз на челик и алуминиум воведени од САД. Таа влијае на производите од секакво потекло и не ги предодредува резултатите, коментира Комисијата.

Меѓутоа, постапката може да резултира со наметнување на увозни давачки или квоти за заштита на производителите на ЕУ од прекумерен увоз, доколку е потребно.

Системот за следење на увозот на челик, воведен во март 2016-та година, обезбедува доказ дека увозот на одредени производи од челик расте. Овој тренд може да биде уште посилен сега кога пристапот до американскиот пазар е ограничен, а производите од други делови на светот се пренасочуваат кон Европа.

Да потсетиме дека американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да наметне 25% царина за увоз на челик и 10% за увоз на алуминиум, иако во моментов ја исклучи ЕУ од рестриктивни мерки.

Истрагата, која започна денес, опфаќа 27 категории на производи од челик. Треба да биде завршена за 9 месеци, и ако се потребни мерки на претпазливост, тие ќе бидат усвоени навреме, соопшти Комисијата.

ЕК продолжува да ја следи состојбата на пазарот и е подготвена да дејствува доколку е потребно. Истрагите се еден од инструментите за трговска одбрана признати од Светската трговска организација.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП