7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотпишана безбедносна соработка меѓу полициите на Македонија и Катар

Потпишана безбедносна соработка меѓу полициите на Македонија и Катар

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска во Доха, Катар, оствари работна средба со Шеик Абдулах Бин Насер Бин Халифа Ал-Тани, премиер и министер за внатрешни работи на Катар.

На средбата беше разговарано за интензивирање и унапредување на соработката во областа на безбедноста, борбата против тероризмот, борбата против организираниот транснационален криминал, технолошката и техничката соработка и друг вид полициска соработка.

Потврдувајќи ги своите заложби за идна соработка, на оваа средба се потпиша и Писмо за намера за безбедносна соработка помеѓу министерствата за внатрешни работи на двете држави. Со Писмото за намера ќе им се овозможи на нашите кадри преку обуки и размена на искуства во различни области да се запознаат со системот за внатрешна безбедност на Катар, кој функционира на високо професионално ниво, соопшти МВР.

Со цел континуитет во соработката меѓу двете земји, како и имајќи предвид дека по отворањето на директната авионска линија Скопје-Доха, зголемен е бројот на лица кои се движат од и во Македонија и Катар, како и глобалните безбедносни ризици и предизвици, ова Писмо за намери ќе помогне во зголемување на безбедносната соработка.

За време на претстојот министерот Спасовски и соработниците ќе ги посетат и Националниот команден центар, Одделот за криминалистички истраги, Центарот за борба против трговија со дрога на Советот за соработка на земјите од Заливот, Националниот комитет за борба против тероризам и ќе бидат остварени средби со нивните раководители.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП