4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЖителите на Карпош ќе можат да пријавуваат дупки на улиците

Жителите на Карпош ќе можат да пријавуваат дупки на улиците

Општина Карпош почнува со санација на оштетените улици на својата територија на кои се детектирани т.н „ударни дупки“.

Во изминатиот период комуналните служби на локалната самоуправа евидентираа повеќе точки на чии локации постојат видливи оштетувања на инфраструктирата кои веднаш ќе бидат асфалтирани. Оваа иницијатива општината ја презема со цел да се овозможи безбедно движење на граѓаните, велосипедите и моторните возила.

Поради поголема успешност на оваа акција, ги повикуваме и граѓаните уредно (со наведување на точната локација и број на улицата) да пријават ударни дупки на територија на Карпош.

Граѓаните може да пријавуваат на адресата на е-пошта: [email protected] , како и на социјалните мрежи на Општина Карпош. Во претстојниот период ќе се реконструираат и повеќе улици на територија на Општина Карпош кои моментално се во руинирана состојба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП