5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБовин A'gupka Vranec прогласено за едно од најдобрите вина на светот во...

Бовин A’gupka Vranec прогласено за едно од најдобрите вина на светот во својата категорија

Голем интернационален успех на македонската винарија Бовин. Оваа година во која Бовин прославува јубилеј 20 години од своето постоење, добиено е престижното признание Grand Gold, на еден од најважните вински натпревари во светот MUNDUS VINI, кој се одржува во Германија, а на кој учествуваат вина од целиот свет.

Винаријата Бовин наградата ја доби за црвеното вино 2012 A’gupka Vranec со потекло од Тиквешкиот регион, и се најде меѓу 33-те победници. https://www.meininger.de/en/wine/2012-agupka-vranec-tikves-wcgo

Бовин исто така е добитник и на наградата MUNDUS VINI “Best of Show” award. http://bit.ly/AwardCeremony2018list

Високо квалификувано меѓународно жири составено од 270 вински експерти од целиот свет, енолози, винопроизводители, професионални трговци со вино, сомелиери и стручни новинари од 44 различни земји, повеќе од 6 дена, на “слепо” (blind testing) дегустираа, евалуираа и оценуваа 6770 вина, од над 150 вински реони од различни делови на светот, вина од познати вински региони од Австралија, Аргетина, Чиле, САД, Франција и многу други земји.

Вината се оценуваа според категоријата во која припаѓаат, потеклото, нивото на квалитет и вкус, и се евалуираа во согласност со стандардите за оцена на Меѓународната организација за вино (OIV), која е признаена и од Интернационалната Унија на Енолози (UIOE).

Важно е да се напомене дека Бовин и минатата 2017 година доби златен медал за виното My Way на истиот натпревар. https://www.meininger.de/en/wine/2011-my-way

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП