28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРечиси 40 проценти од територијата на ЕУ е покриена со шуми

Речиси 40 проценти од територијата на ЕУ е покриена со шуми

Шумите и шумски земјишта покриваат 182 милиони хектари во земјите од Европската унија (ЕУ) или 42% од нивната вкупна површина, покажуваат податоците на „Евростат“.

По глава на жител во заедницата се 0,36 хектари шума. Со најголема шумската област се Шведска (30 милиони хектари), Финска (24 милиони) и Шпанија (27 милиони).

Според уделот на шумите во вкупната површина на земјата, повеќето пошумени земји се Финска (71%) и Шведска (67%).

Потоа следат Словенија (64%), Естонија (58%) и Латвија (56%). Во исто време, Холандија (8%), Малта (11%) и Германија (16%) се најмалку пошумени.

Шумите играат значајна улога во намалувањето на емисиите на штетни гасови. Во ЕУ шумите апсорбираат 417 милиони тони еквивалент на јаглерод диоксид или 9% од вкупните емисии на шетни гасови (4.450 милиони тони), а за споредба во 1990-та година податоците биле соодветно за 7% (375 милиони тони).

Во Шведска шумите апсорбираат 84% од емисиите на јаглероден диоксид, а во Финска 60% следуваат Литванија (44%) и Словенија (35%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП