16 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle има имотна империја од 14,5 милијарди долари

Google има имотна империја од 14,5 милијарди долари

„Google“ поседува имот од најмалку 4 милијарди долари само во Њујорк, меѓу кои седиштето на „Осмата авенија“, кое го купи во 2010-та година за 1,77 милијарди долари, како и новата зграда „Chelsea Market“, која купи за 2, 4 милијарди долари во минатиот вторник. Така „Google“ стекна репутација на голем сопственик и менаџер на имот во градот, пишува „Business Insider“.

Но присуството на технолошкиот гигант не се ограничува само до Силиконското шеталиште во Њујорк. Откако Лери Пејџ и Сергеј Брин го создадоа „Google“ во гаража во Менло Парк, Калифорнија, во 1998-ма година, компанијата брзо се разви во мултинационален технолошки конгломерат, оценуван на милијарди долари.

Во 2004-та година, компанијата изгради корпоративна централа, позната како „Googleplex“, во „Маунтин Вју“ во срцето на Силиконската долина во Калифорнија. Првично кампусот опфаќаше површина од 185.000 м2 со канцеларии, но во 2015-та година се зголеми до 287.000 м2, кога „Google“ се реструктуираше и го продолжи своето постоење под капата на својата нова компанија мајка „Alphabet“.

Сега „Google“ има 74.000 вработени во целиот свет и над 70 канцеларии и 15 центри за податоци во 50 земји, покажуваат податоците на компанијата. Глобалните имотни средства на „Alphabet“ се проценуваат на 14,5 милијарди долари, од кои околу 30% се концентрирани во двете згради во Њујорк, покажуваат податоците на „Real Capital Analytics“.

Технолошкиот гигант поседува имот и во Северна Каролина, Мичиген и Тексас. Во последниве години компанијата ги откупува агресивно и слободни индустриски парцели и згради во „Bay Area“ во Сан Франциско. Минатата година таа купи 52 згради за 820 милиони долари во „Sunnyvale“, Калифорнија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП