4 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПродуктивноста се зголемува доколку е удобна канцеларијата

Продуктивноста се зголемува доколку е удобна канцеларијата

Канцеларискиот мебел, особено работната маса и столот, мораат да бидат соодветни, прилагодени кон димензиите на телото и флексибилни, така што секој може да го прилагоди своето работно опкружување со различни движења на телото и со различни работни обврски.

Столот на кој седите треба да ви овозможи удобност за рамениците и грбот да и бидат опуштени, наслонети на наслонот од столот, а за лактовите е оптимално да се одмораат на наслоните од столот, веднаш до телото.

Осветлувањето исто така е од големо значење. Оптимално е ако доаѓа од три извори – амбиентален од таванот, работната маса и природна светлина. Изворите на светлина мораат да бидат добро насочени за да се избегне непотребно оптоварување на очите.

Ако го опремувате својот работен простор, водете сметка и за тоа дека вашите очи мораат да бидат одалечени од екранот на мониторот најмалку 60см, а врвот на екранот не би смеел да биде над висината на очите.

Исто така е важно во просторијата каде што поминувате многу време да уживаат сите ваши сетила. Можеби воздухот кој што го вдишувате во канцеларијата би можеле да го збогатите со етерични масла кои што делуваат антистресно. Овие препарати лесно ќе ги набавите, а со нивна помош подобро ќе се чувствувате на работа.

Ситните детали кои ја украсуваат канцеларијата позитивно влијаат на расположението. Затоа, немојте да занемарувате детали. Не е важно дали тоа ќе бидат разнобојни ситници кои ќе ви го поправат расположението, некој егзотичен мирис или нов стол во кој ќе се чувствувате подобро.

Важно е само во работниот простор да ви биде пријатно за да бидете што поефикасни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП