22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Германија работат повеќе од 1,4 милиони пензионери

Во Германија работат повеќе од 1,4 милиони пензионери

Повеќе од 1,4 милиони пензионери во Германија се уште имаат работа, иако се постари, објави германското списание „Spiegel“.

Како што објавија медиумите во текот на викендот, цитирајќи го одговор на федералната влада на прашањето на „Зелените“, во 2016-та година околу 1,42 милиони пензионери во Германија работеле. Во 2000-та година оваа бројка изнесувала 539.000 лица.

Случајните инспекции од страна на Сојузниот завод за статистика покажуваат дека поголемиот дел од работните пензионери (47,5%) се на скратено работно време. Според анкетата, 24,8% од вработените се самовработени.

„Промената од работен век до пензионирање на никаков начин не е така регулиран дека сите вработени да може да се справат“, вели пензискиот експерт од „Зелените“, Маркус Курт за списанието. Затоа, според него, е потреба интервенција на законодавецот.

Германскиот институт за економски истражувања во меѓувреме повика на поголема флексибилност за вработување на пензионери.

„При вработување на вработени кои имаат постојана пензија, не треба да има горна граница за времетраењето и бројот на можните ограничувања“, појаснуваат двајцата експерти на институтот Герт Вагнер и Корнелиус Рихтер во статија за неделното издание на „Tagesspiegel“. Според нив, законодавецот мора да создаде соодветна регулатива за да создаде кредибилитет за вработените и работодавачите.

Експертите, исто така, не ја гледаат опасноста од менување на помладите вработени од постарите работници. Така, постарите луѓе би можеле да ги зголемат стапките на пензионирање и работодавачите да можат да се здобијат со искусни вработени, пишуваат авторите на „DIW“.

Во Германија има над 17 милиони луѓе на возраст од 65 години и повеќе – околу 20% од вкупното население на федералната република.

Генерално, сепак, бројот на пензионерите изнесува околу 21 милион луѓе. Околу 16,9 милиони од нив се во Западна Германија, а во Источна Германија нивниот број е 4,1 милиони. Просечната месечна пензија кај мажите знесува околу 1.100 евра, а на жените – 800 евра.

Во денешна Германија мажите и жените заминуваат  во пензија на 65 години, но е предвидено до 2029-та година пензиската возраст да се зголеми постепено до 67 години. Само што ова зголемување е веќе поставено во пресметките на пензиските каси и отсега е видно дека ако нешто не се промени во германското општество, и оваа промена ќе се покаже недоволна. Оттука, експертите од Христијанско-демократската унија предложија лицата да се пензионираат до 2100-та година до 70-тата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП