5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој колку троши во Владата - огромни сметки за јадење и пиење...

Кој колку троши во Владата – огромни сметки за јадење и пиење по примерот на нивните претходници

Функционерите на актуелната Влада не изостануваат многу во споредба со претходната гарнитура во поглед на јадењето и пиењето во рестораните. Тие ја обвинуваа и упатуваа критики до претходната власт за огромните суми кои беа правени во угостителските објекти, особено од страна на МВР, но и сега ситуацијата не е многу различна.

Управата за безбедност и контраразузнавање која беше посочена како најголем потрошувач во угостителските објекти е заменета со Министерството за економија кое за 10 месеци од стартувањето на новата Влада има потрошено нешто повеќе од 14 илјади евра за гоштевање во ресторани и останати угостителски објекти.

Според алатката на Владата за трошоците на јавните функционери, најголем потрошувач е министерот за економија, Крешник Бектеши, кој од први јуни до моментов има потрошено 14 илјади евра во угостителски објекти, од кои 7.300 евра биле во надворешни угостителски објекти во земјава, 5.100 евра во мензи и бифеа во рамки на институтициите и 1.500 евра во ресторани во странство.

Втор по висината на трошоците за угостителски услуги е вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, кој за оваа намена од 1 јуни до сега потрошил 13 илјади евра.

Веднаш по Османи, на оваа листа е неговиот партиски колега, Биљен Салији, министерот за правда кој минатата недела си поднесе оставка од функцијата. Тој од јуни минатата година, до оставката потрошил 12 илјади евра во угостителски објекти.

Следуваат министерот за култура, Роберт Алаѓозовски кој потрошил 9 илјади евра во угостителски објекти и министерот за земјоделство Љупчо Николовски со 7 илјади евра.

Од министрите во Владата најмалку потрошиле министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Нивниот досегашен трошок за угостителски објекти изнесува околу 500 евра.

Изненадувачки е тоа што министерот за надворешни работи, Никола Димитров со оглед на министерството со кое раководи каде средбите и патувањата се почести, за 10 месеци потрошил 2.500 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП