26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДржавен натпревар по информатика за основци и средношколци на ФИНКИ

Државен натпревар по информатика за основци и средношколци на ФИНКИ

На Државниот натпревар по информатика денес во просториите на ФИНКИ на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје се избира најдобриот програмер помеѓу основците и средношколците.

Натпреварот е во организација на Здружението на информатичари на Македонија, а како коорганизатор се јавува Семос Едукација. На натпреварот учествуваат најдобрите 100 учесници кои покажаа најдобри резултати на регионалните натпревари кои се одржаа на 11 март во три региони – Скопје, Струга и Струмица.

Свеченото отворање на настанот се одржа во амфитеатарот на Технолошко – металуршкиот факултет.

Победниците на Државниот натпревар понатаму ќе ги покажат своите знаења и ќе се натпреваруваат на Македонската Олимпијада како и со учесници од други држави на Меѓународниот натпревар по информатика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП