9 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНе правете ги овие грешки доколку започнувате бизнис од дома

Не правете ги овие грешки доколку започнувате бизнис од дома

Лансирањето на бизнис од дома може да обезбеди огромна флексибилност и рамнотежа работа-живот за која сите ние сме жедни. Но реалноста е дека домашниот бизнис носи свои предвизвици. Но, водењето на свој бизнис од дома може да дојде до застој. Тешко е константно да ја храните имагинацијата сам на себе.

Еве некои од грешките кои треба да се избегнат водеќи бизнис од дома:

Поминувате премногу време дома. Осаменоста е број еден изговор на луѓе кои работат од дома. Многу луѓе не се подготвени за изолирана работна средина. Иако изгледа лесно да се работи виртуелно, тоа не е најдобриот пристап. Наместо тоа излезете од домот на лице в лице состаноци кои ќе ви помогнат да го изградите вашиот бизнис, договорете ручек средби, присуствувајте на состаноци и слично.

Работа 24 часа цела недела. Со работењето дома, секој момент имате чуство на вина дека не работите, кое не можете да го оставите на страна.

Си дозволувате прекини. Без надреден кој ви дише во вратот, лесно е да телефонирате кај семејството или пријателите. Но ако константно ја прекинувате работата не е добро за вашиот бизнис. За да ги намалите нарушувањата одредете си тивко време во текот на денот кога нема да дозволите телефонски повици и мејлови. Известете ги на вашите блиски и семејството за вашите работни часови и дека не сакате да бидете вознемирувани освен за итни случаи.

Зависите премногу од најблиските. Без соработници околу вас, лесно може да ви стане навика за бизнис проблемите да разговарате со најблиските. Тие не можат да обезбедат најдобар совет затоа што не го разбираат секогаш вашиот бизнис. Пробајте да се поврзете со неформална мрежа на советници од вашата област.

Да се создаде одделна работна површина. Дури и ако не живеете во голем дом, одделете го просторот за работа. Одлучете се за помалку користена соба или за празниот ќош од расположив простор за да креирате физичка граница помеѓу работниот простор и домот.

Дозволувате вработените да го окупираат вашиот дом. Вие ризикувате оштетување во вашиот дом ако не воспоставите кодекс на однесување на вработените кај вас. Тие ќе треба да јадат во вашата кујна и да газат со чевлите по вашиот тепих. Наместо да ги опоменувате подоцна подобро е да поставите очекувања од кои ќе сте задоволни.

Премногу сте зафатени за да останете организиран. Лесно е да се подлегне на неорганизираност кога се работи во истото место каде што се живее бидеќи тоа е приватен простор и не е лесно да се споделува со други.

Го почнувате денот без план. Без конкретни одлуки како ќе го потрошите вашето време. Вашиот ден нема да биде продуктивен. Креирајте распоред и држете се за нив. Оставете и нераспределено време во денот за да се справите со неочекуваните прашања што ќе се појават.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП