25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСпортски автомобили за кои сигурно немате слушнато

Спортски автомобили за кои сигурно немате слушнато

Моќна автомобилска индустрија е тешко да се изгради. Потребна е силна економија во земјата за да може такво нешто да се започне, па поради тоа производството на возила во послабо развиените земји се прилично непознати надвор од нивните граници. Ќе ви претставиме пет необични автомобили за кои и најголемите познавачи на автомобили ретко дека имаат слушнато.

1966.-82. IKA Torino (Aргентина)

ika-torino-04

„IKA“ е остаток од царството на аргентинскиот бродоградител од Втората светска војна, Хенри Ј. Кајсер. Во соработка со Американ Моторс, Кајсер се обиде да направи автомобил кој во целост би одговарал на аргентинскиот пазар. Возилото е базирано на скромниот Рамблер Класик, а Аргентинците го ангажирале и италијанското дизајнерско студио Пининфарина за да го среди изгледот на автомобилот наречен Торино. Резултатот беше познат, модел кој изгледаше многу како некој друго италијански спортско возило. Овој автомобил во матичната земја и денеска ужива култен статус.

 1962.-64. Sabra Sport (Израел)

sabra

Во текот на кратката пауза меѓу војните Израелците се занимаваа со идеата за производство на домашен спортски автомобил. Со помош на малата британска компанија Релиант Карс настана прилично добар спортски автомобили наречен Сабра, кој бил достапен како купе и роудстер верзија. Перформансите на четирицилиндричниот мотор на Форд, сепак беа скромни. Од овој модел беа произведени само неколку стотина автомобили. Сабра важи за единствено спорстко возило кое е направено во Израел.

 1962.-64 GSM. Flamingo (Јужна Африка)

gsm flamingo

Во Јужна Африка има многу љубители на автомобили кои личат на британските спортски возила, па поради тоа се обидоа да направат сопствено. Во Кејптаун била формирана компанијата Гласспорт Моторс за да го направи јужноафриканскиот спортски автомобил. Фалминго Купе е убаво дизајниран со четирицилиндричен  мотор на Форд. Гордон Мареј легендарниот дизајнер на Мекларен Ф1, кој по потекло од Јужна Африка, поседува еден модел на Фламинго.

1973.-75. Anadol STC-16 (Tурција)

anadol-stc-16-08

STC-16 беше првиот турски спортски автомобил и беше доста компетентен и убаво дизајниран. И него како и неколку други од листата го придвижуваше четирицилиндричен мотор на Форд со 1600цц. Големата цена и пазарот ограничен само во Турција направија во текот на две години производство да се направат само 176 примероци од овој модел. Останати се многу малку сочувани примероци кои денеска се многу ценети, а се покажаа и како многу издржливи.

1969. Monteverdi 375 (Швајцарија)

Monteverdi-375_76e95

Monteverdi 375 беше голем и елегантен GT автомобил придвижен со мотори на Крајслер 383 или 440 V8.  Со својот елегантен италијански дизајн беше реална конкуренција на Астон Мартин. Сепак кризата со горивото си го направи своето и стави точка на производството на овој автомобил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП