3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Аеродром ќе се вклучи во акцијата „Часот на планетата Земја“

Општина Аеродром ќе се вклучи во акцијата „Часот на планетата Земја“

Општина Аеродром ќе ја поддржи глобалната акција „Часот на планетата Земја“, преку симболично исклучување на осветлувањето во рок од еден час, за да се истакнат сериозните последици од климатските промени врз планетата Земја.

Во периодот од 20:30 до 21:30 часот вечерва ќе бидат исклучени светлата во парковите „Јане Сандански“, „Аеродром“ (авион), паркот со езерата, паркот „Бановина“, Паркот на светлината (спроти Мајчин дом) и трговскиот центар „Капитол“ во Општина Аеродром.

Во „Часот на планетата Земја“ учествуваат 8.000 градови во над 180 земји, меѓу кои и Македонија. Станува збор за светска иницијатива, организирана од Светскиот фонд за природа (WWF). Во акцијата ќе учестуваат и екипи на Црвениот крст на Кисела Вода.

Општина Аеродром апелира до граѓаните, домаќинствата, кафулињата, рестораните, јавните објекти и други потрошувачи на електрична енергија на територијата на Општина Аеродром да се вклучат во акцијата и да ги изгаснат светилките во времетраење од еден час. На овој начин, секој од нас ќе ја покаже солидарноста во борбата против климатските промени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП