20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВнимателно тргување на европските берзи

Внимателно тргување на европските берзи

ber23

На европските берзи утрово се намалија цените на акциите, бидејќи пазарите се консолидираат по силниот раст во последните недели.

ФТСЕурофист индексот со 300 водечки европски акции утрово во 9,30 ослабе за 0,1 процент, на 1158 поени, откако минатата недела достигна највисоко ниво во последните 22 месеци.

Лондонскиот ФТСЕ, парискиот ЦАЦ и ДАКС идексот од Франкфурт, утрово во 9,30 беа во минус помеѓу 0,1 и 0,2 проценти.

Многу членки на еврозоната се уште се во рецесија, додека во Вашингтон се води дебатата за зголемувањето на лимитот на задолжување на државата и намалувањето на буџетските расходи, што создава несигурност на пазарот.

„Овие две прашања мора да бидат решени во текот на наредните месеци, со цел да се заврсти растечкиот тренд на цените на акциите“, изјави Марк Пигнатели, фонд менаџер во „Smith & Williamson European Growth Trust“.

На берзата во Токио, индексот Никеи утринава потона за 2,6 проценти, на 10.600 поени, со што го забележа неговиот најголем дневен пад во последните осум месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП