2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСообраќајот се одвива по влажни коловози без забрани

Сообраќајот се одвива по влажни коловози без забрани

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, без забрани, по влажни коловози. Автомотосојузот на Македонија соопшти дека на некои од повисоките места наместа има остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.

Врнежи од снег со слаб интензитет во раните утрински часови се бележат во Крива Паланка, Страцин и Смојмирово.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

На патниот правец А2 Стругa – г. п. Ќафасан, од бензинска пумпа КМР до м.в. Добра Вода-с.Франгово (во должина од 3км) се препорачува исклучително внимателно управување со возилата поради дупки на коловозот. На самото место поставена е соодветна патна сигнализација и ограничување на брзината од 30 км/час.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП