3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGlaxoSmithKline одби да се бори за дел од бизнисот на Pfizer

GlaxoSmithKline одби да се бори за дел од бизнисот на Pfizer

Фармацевтскиот концерн „GlaxoSmithKline“ објави дека се повлекува од трката за купување на единицата на „Pfizer“ за лекови продавани без рецепт што американската компанија ја проценува на 20 милијарди долари, пренесува „Ројтерс“.

Британската компанија беше сметана за фаворит за купување на средствата, откако главниот нејзин конкурент „Reckitt Benckiser“ се повлече во четвртокот.

„Ќе продолжиме да ги следиме можностите да ја забрзаме стратегијата, но тие треба да ги исполнуваат критериумите за поврат и да не бараат компромиси со нашите приоритети за распределба на капиталот“, посочи извршниот директор Ема Волмзли.

Извори на агенцијата тврдат дека се уште има заинтересирани за бизнисот на „Pfizer“, но и американската компанија може да се откаже од продажбата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП