6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанката на Англија ги остави исти каматите, но во мај...

Банката на Англија ги остави исти каматите, но во мај…

Централната банка на Англија (Bank of England-BoE) ги задржа клучните каматни стапки на непроменето ниво, но најави нивно зголемување во месец мај.

Ново зголемување во мај е потребно за инфлацијата да се врати во целниот распон.

Два члена на Монетарниот комитет на BoE го поддржаа зголемувањето на референтната каматна стапка за четврт процентен поен на 0,75 проценти, но преостанатите седум, вклучувајќи го и гувернерот Марк Карни, биле за задржување на РЕПО каматата на 0,5 проценти, покажа записникот од заседанието, пренесува агенцијата АП.

Меѓутоа, повеќето членови на комитетот се подготвени да поддржат поскоро ново зголемување на каматите, кое, како што во февруари најави гувернерот, би можело да биде веќе во мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП