2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп го потпиша предлог законот за буџетот

Трамп го потпиша предлог законот за буџетот

Претседателот на САД Доналд Трамп го потпиша предлог законот за буџетот во вредност од 1,3 билиони долари, кој го усвои американскиот Сенат, и така избегна блокирање на работата на Владата, пренесувааат американските медиуми.

Тој на својот Твитер профил напиша дека ја разгледувал опцијата да го блокира предложениот буџет, поради недостатокот на средства за финансирање на изградбата на ѕидот на границата со Мексико, како и поради тоа што 800.000 мигранти од мигрантската програма DACA не се ни споменати во предлог законот.

„Од програмата DACA отстапија демократите. Многу нечесно од нивна страна! Ѕидот на границата е очајнички потребен“, напиша Трамп.

Трамп на конференцијата за новинари во Вашингтон изјави дека неодамнешните кратења во буџетот ја загрозиле Америка и дека потпишувањето на законот за буџет е работа од национална безбедност и нагласи дека „никогаш повеќе нема да потпише така смешен предлог закон“, пренесува Раша тудеј.

Американскиот претседател додаде дека парите од буџетот за војската ќе бидат потрошени за противракетни системи за одбрана, кои се „многу важни“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП