1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОН: Од глад може да умрат 124 милиони луѓе

ОН: Од глад може да умрат 124 милиони луѓе

Директорот на Агенцијата за храна при ОН, Дејвид Бизли, изјави дека бројот на луѓе што би можеле да умрат од глад, ако итно не добијат храна, се зголемил на 124 милиони.

Директорот на Светската програма за храна на Советот за безбедност на ОН рече дека речиси 32 милиона луѓе се на работ на смрт од глад. Тие се жители на четири земји растргнати од постојани конфликти – Сомалија, Јемен, Јужен Судан и североисточна Нигерија.

Тој рече дека 60 отсто од 815 хронично гладни луѓе, кои не знаат кога ќе го имаат следниот оброк, живеат во конфликтни зони.

Високиот претставник на ОН за хуманитарни прашања, Марк Лоукок, рече дека, според најновите податоци, североисточна Нигерија, Јемен и Јужен Судан и натаму се соочуваат со алармантен недостиг од храна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП