23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканските власти продале биткоини во вредност од 18,7 милиони долари

Американските власти продале биткоини во вредност од 18,7 милиони долари

Властите во САД успешно продадоа 2.170,7 биткоини на двајца учесници во наддавањето. Тоа се случило на аукција, одржана на 19-ти март оваа година, објави вчера портпаролот на Шерифската служба на САД, цитиран од „CoinDesk“.

Во соопштението до медиумите се наведува дека биткоините се купени од две лица – едниот успеал да купи 2.100 биткоини, а другиот на тендерот ги купил останатите 70.7 биткоини.

Нема официјални информации за тоа дали биткоините била купена по пазарни цени. Според цената од 19-ти март вкупната вредност на продадените криптовалути изнесува 18.7 милиони долари.

За учество во аукцијата биле регистрирани 42 понудувачи, кои оствариле 39 наддавања, велат властите.

Аукцијата за конфискуваните биткоини беше објавена на 5-ти март оваа година. Нивната продажба се одржа на 14 различни блокови. Најмалиот од нив содржи 70 биткоини, додека останатите 13 содржат помеѓу 100 и 500 биткоини.

Последен пат Шерифската служба на САД, која има овластувања на федерално ниво, одржа аукција за криптовалути во февруари оваа година. Тогаш беа продадени над 3.600 биткоини на петмина учесници во аукцијата, а јавната компанија „Riot Blockchain“ се пофали дека добила еден од блоковите со 500 биткоини. Но, овој пат, сепак, купувачите молчат.

Ова е втора аукција што ја огранизира Шерифската служба на САД во 2016-та година, кога на аукција продале 2.700 биткоини.

За време на подготовката на материјалот биткоинот се тргуваше по цена од 8.502,5 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП