28 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАРецензија: „Бикини Мун“, филм што бега од филмот и ви се спружува...

Рецензија: „Бикини Мун“, филм што бега од филмот и ви се спружува пред нозе

Новиот филм на режисерот Милчо Манчевски „Бикини Мун“ е филмска авантура во две наративни нивои-естетска и мисловна. Сложен во структурата, експериментален во изведбата, „глумејќи“ филм во филм тој како да бега од филмот и вртоглаво ви се спружува пред нозе, и ви го задржува вниманието секогаш кога би сакале да го прескокнете.

Ова е сосема американски филм на Манчевски, но истовремено е поетски пркос на оваа мас-индустриска кинематографија.

Приказната за младата Бикини со мајсторска изведба на актерката Кондола Рашад, која централен лик во документарниот филм што за неа во овој филм се снима, и одличната замисла на сите споредни ликови, во обид да изградат документарна имагинација, толку веродостојно опиваат без оној агресивен и патетичен набој кој би се очекувал од американски филм за бездомничка на улиците на Њујорк.

Безпрекорен во фотографијата и визилената композиција, како и во претходните филмови на Манчевски, секогаш фотографскиот прием е еден чекор пред приказната, така што додека секој кадар може да се проследи како филм за себе, приказната, дијалогот ви доцни и ви се врежува отпосле, па остава простор за уште една монтажа во свеста на гледачот.

Оваа игра и трка на убавите кадри и драматургијата овој пат е многу сериозна филмска иновација и лекција која доаѓа од авторската зрелост на Манчевски. Централната приказна постојано се распрснува а од тие парчиња на емоцијата се градат молскавични дејствија. А тие ги следите со брзо проголтување на сликата што е можеби авторски приод што треба да ја засили токму тој обид да се предочи до каде сме стигнале со технолошкиот допир наместо човечкиот. Бикини и нејзината играчка, зелената богомолка се како световно потсетување на исконскиот порив за преживување, желбата за живот наспроти суровата реалност. Токму нејзините ментални ограничувања ја прават суштински чиста, инстиктивна и нормална наспроти овој безобзирен свет.

Авторскиот “заговор“ останува доследен, дури ги надминува рамките и на синема верите или на сличните пристапи и во догма фимот. Музички е суптилно обоен но фантастично прецизен, така што тандемот со македонскиот композитор Игор Василев-Новоградска се покажува како уште една успешна соработка.

Режисерот во едно интервју ќе се пошегува дека тој е американски емигрант на Балканот но со „Бикини Мун“ си обезбедува место на светската филмска карта, без непотребни предлошки на која кинематографија и припаѓа. Евидентно како и секој голем уметник, подеднакво го вознемирува и македонската и американската историска или социјална димензија, ја апсорбира и своето “оружје“ т. е филмскиот занает го преточува во благородна мисија. На висина и на естетската и на мисловната задача. Непотребно е посебно расчелнување во толкувањето на „Бикини Мун“, фимот е (не) едноставно убав.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП