25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСе отвори Приватното средно училиште „Американска гимназија Скопје“

Се отвори Приватното средно училиште „Американска гимназија Скопје“

Скопје, 23 март 2018 година церемонијално се отвори Приватното средно училиште „Американска гимназија Скопје“(American High School Skopje).

Конферансието, м-р Ема Кастратовиќ, им посака добредојде на присутните гости на церемонијата и ги покани да се обратат министерот за образование и наука на Република Македонија, проф. д-р Рената Дескоска, и директорот на Приватното средно училиште „Американска гимназија Скопје“, проф.д-р Венера Крлиу Ханџиски.

Во своето обраќање министерот за образование и наука на Република Македонија, проф.д-р Рената Дескоска го искажа своето задоловство што приватниот сектор активно учествува кон подобрување на квалитетот на образванието во Република Македонија заедно со останатите државни училшта.

Директорот на Приватното средно училиште „Американска гимназија Скопје“, проф.д-р Венера Крлиу Ханџиски говореше за мисијата на училиштетот и за предизвикот да се оствари поставената цел а тоа е оспособување на младите за работа и живот во современото глобално општество, со употреба на современа образовна технологија и современи наставни методи, техники и средства, кои овозможуваат развивање на индивидуалните физички и интелектуални способности на учениците за критичко размислување, анализа и синтеза, проучување, истражување и втемелување на хуманистички, морални и етички вредности на личноста.

 

Потоа следеше ориентација низ училиштето за присутните родители, ученици и гости и коктел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП