26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија подготвена стоечки да поднесе било каков удар од страна на ЕУ

Русија подготвена стоечки да поднесе било каков удар од страна на ЕУ

Европската Унија утрово го повлече својот амбасадор во Москва и нареди да се врати во Брисел, поради аферата „Скрипал“. Русија не е загрижена поради оваа постапка. Сметаат дека се подготвени на се, а тврдат и дека имаат и свој банкарски систем.

Во случај на исклучување на Русија од системот, како дел од санкциите на Западот, глобалниот нафтен гигант Роснефт е подготвен да го стопира меѓународниот трансфер на готовина.

„Новиот, самостоен систем е тестиран во Септември“, потврдува потпретседателот на „Гаспромбанк“, Андреј Королиов.

Овој систем би требало да биде еквивалентен на ,,SWIFT“, a приказната за потенцијалната забрана се појави во 2014-та година кога ЕУ и САД го претставија првиот круг на меѓународни санкции против Москва, поради наводното учество во Украинските кризи и обединувањето на Крим.

„Ова е секако непријатно нешто, затоа што ова претставува камен на кој ќе се сопнуваат компаниите и банките и ќе го успорува функционирањето на бизнисот. Ќе биде неизбежно активирањето на постарите технологии за пренос на пари, информации и калкулации.

„Меѓутоа, компаниите се подготвени на нов систем бидеќи, заканите за исфрлање од „SWIFT“ програмата не се баш свежи“, изјави рускиот потпретседател Дворкович.

Русија е подготвена на се, а за тоа повеќе и од доволно докажуваат податоците дека оваа држава има свои интернет пребарувачи, социјални мрежи, така да тие не зависат од глобалниот Интернет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП