27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот VW Touareg e поголем, поелегантен и понапреден (фото+видео)

Новиот VW Touareg e поголем, поелегантен и понапреден (фото+видео)

Во Пекинг германскиот производител „Volkswagen“ ја претстави новата генерација на својот голем „SUV“ – „Touareg“, со повеќе простор и хибридна верзија која се очекува наскоро.

Ова е третата генерација на моделот кој за прв пат беше претставен во 2002-ра година, а прва по осум години пауза.

Во меѓувреме се продадени повеќе од околу милион примероци на „Touareg“, па така и од новиот се очекува да биде меѓу лидерите во својот сегмент.

Новиот „Touareg“ порасна во димензии во однос на минатата генерација, тој е подолг, поширок и обезбедува повеќе простор во внатрешноста.

Зголемен е и капацитетот на багажникот од 697 на 810 литри, а благодарејќи на употребата на лесни материјали е потежок за само 106 kg во однос на претходната генерација.

Што се однесува до погонските едници, тука моментално се два „V6“ дизели, послабиот со 213 и помоќниот со 286 KS, како и „V6“ бензинецот со 340 KS.

„VW“ за одредени пазари ќе подготви и „V8“ дизел со 421 KS, додека ќе има и хибридна верзија, за почеток само во Кина, а потоа и во Европа.

Внатрешноста е подобродена со новата контролна табла која се нарекува „Innovision Cockpi“, па наместо традиционалната сега пред возачот е поставен 12-инчен дисплеј на кој се видливи сите корисници информации, а тука е и 15-инчниот мултимедијалниот систем во средината.

„Touareg“ ќе биде достапен во неколку различни визуелни линии, како „Atmosphere“ и „Elegance“, како и добро познатата „R-Lite“, a во понудата на алуминиумски бандажи купувачите ќе можат да бираат големини од 18 до 21 инчи.

Новиот „SUV“ ја дели архитектурата со „Porsche Cayenne“, „Audi Q7“ и „Bentley Bentayg“, доби и систем за погон на сите тркала за подобра агилност, но и многу системи како што е „Nigth Vision“ кој ги детектира луѓето и животните во темница преку термичка камера.

„Touareg“ ќе има и одредено ниво на автономно возење, па возачот ќе може да го пушти управувачот, а возилото со помош на системи и камери ќе го контролира сопирањето и забрзувањето до 60 km/h.

Се очекува почетната цена да биде околу 57.000 eвра, нешто помалку од почетната цена за „Q7“, но поскап од на пример „Volvо CX 90“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП