петок, 27 јануари 2023
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтудот нема да направи значителни оштетувања на овошките

Студот нема да направи значителни оштетувања на овошките

Снежниот бран што ја зафати Македонија ги затекна овошките во фаза на полно цветање каде нивната издржливост кон ниски минимални температури е околу -2 до -3 степени.

Бидејќи остварените температури беа во тие граници, не се очекуваат значителни оштетувања на родот, велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Од таму велат дека најниски температури се очекуваат в недела кога во утринските часови температурата ќе се спушти до -4 степени. „Бидејќи овие температури се блиску до границите на издржливот, може да предизвикаат само проретчување на родот, но не и негово оштетување“, се наведува во соопштението.

Според податоците од подрачните единици на МЗШВ, досега земјоделците немаат пријавено штети од ниските температури и врнежите од снег.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП