26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШилегов: Наскоро ќе започне изградбата на мостот кај Автокоманда (видео)

Шилегов: Наскоро ќе започне изградбата на мостот кај Автокоманда (видео)

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, ќе го гради мостот што е дел од изборната програма на неговиот претходник Коце Трајановски.

Станува збор за нова сообраќајница што ќе ги поврзува Аеродром, Гази Баба и Центар. Од Ново Лисиче до Саем, според Шилегов, ќе се патува пет минути. Целосниот проект ќе чини 16 милиони евра, од кои половина средства ќе бидат за изградба, а другата половина за експропријација. Сумата на чинење за изградба е за 3 милиони евра повеќе од пресметката на Коце Трајановски.

„За овој проект никој во Градот Скопје ја немаше изготвено ниту основната планска документација. Планирано е градежните активности да почнат во септември. Треба да се отстранат 100 објекти, а постоеше и алтернативен начин, со договор меѓу општините да се изгради сообраќајница за која ќе требаше да се експроприраат 20 објекти. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Градот Скопје не учествуваа во донесувањето на оваа одлука, а советот во Гази Баба одби да го ратификува договорот“, вели градоначалникот Шилегов.

Проектот предвидува да се поврзат со мост булеварот Асном, хотел „Русија“, преку Вардар и низ населбата Керамидница до раскрсницата кај Скопски саем. Освен мостот, Шилегов најави градба на нов булевар со шест коловозни ленти, велосипедски и пешачки патеки.

Градбата на овој коридор беше предвидена со изборната програма на Коце Трајановски „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобро Скопје“, а требаше да биде изграден до 2015 година. Градоначалникот Петре Шилегов предвидува дека мостот ќе биде завршен до септември 2020 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП