19 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕден од секои пет лица во Грција е со неплатени даноци

Еден од секои пет лица во Грција е со неплатени даноци

Еден на секои петмина во Грција е со неплатени во рок даноци, а во однос на 700.000 даночни обврзници во наредните денови ќе бидат преземени принудни мерки како конфискации.

Во јануари 80 отсто од четирите најважни даноци во Грција биле платени во рок, додека 20 отсто од даноците останале неплатени.

Даночните обврзници – физички и правни лица, со долгови во јануари биле над четири милиони, a нивниот број се зголемил за 38.458 во споредба со декември минатата година.

Повеќе од еден милион даночни обврзници, вклучувајќи ги и оние со долгови над 500 евра, се принудени да платат.

Повеќе од 60 отсто сe должниците на кои им била наложена конфискација.

Пресметките на даночните служби покажуваат дека заостанатите долгови во моментов изнесуваат 101.3 милијарди евра, од кои 13,74 милијарди ее оценуваат како несобирачки – станува збор за починати, сиромашни и други такви даночни обврзници.

На форумот во Делфи во почетокот на месецот премиерот Алексис Ципрас најави дека во блиска иднина нема да има намалување на даноците, а појасни дека ваквите чекори не можат да бидат преземени, додека ефектот од нив се заканува да му наштети на социјалниот систем.

Според неговите зборови, намалувањата на даноците не се лек за проблемите на Грција.

Според Ципрас, предуслов за намалување на даноците е да се осигура дека Грција нема да се врати на мито и корупција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП