19 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСреќата е најважниот елемент од професионалниот успех

Среќата е најважниот елемент од професионалниот успех

Бен Карпентер, потпретседател на „CRT Capital Group“, голема брокерска компанија која вработува околу 300 институционални брокери, напиша и објави книга „The Bigs“ во која дава корисни совети за младите лица кои прв пат бараат работа.

Инспирацијата за пишување на оваа книга ја добил кога сватил дека неговата ќерка, која штотуку завршила факултет „не знае како реалниот свет изгледа и кои барања ги поставува пред нас“.

Карпентер верува дека среќата и задоволството всушност се најважните елементи од професионалниот успех, но младите луѓе често ги занемаруваат.

„Среќата е како магнет: луѓето сакаат да работат со луѓе и за луѓе кои се среќни“, изјави Карпентер.

„Да се биде среќен“ не е единствениот совет кој овој искусен брокерски експерт им го дава на дипломираните студенти и младите професионалци. Тој исто така ја нагласи важноста за одење на интервјуата за работа (препорачува дури 40 до 50 пред добивањето на работа), и тоа дека сите треба да размислуваат како извршниот директор (да ја разбираат компанијата како целина, што таа сака да постигне и како да придонесат за тоа остварување).

И, можеби најважното, да се инсистира за она во што сте навистина добри, а не само за она за што сте страствено поврзани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП