19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКолку ќе чини првиот електричен кросовер на Audi? (фото+видео)

Колку ќе чини првиот електричен кросовер на Audi? (фото+видео)

Оваа година на пазарот ќе се појави нов претставник во флотата на електрични мотори – „Audi e-tron crossover“.

Поради пројавениот интерес за новото возило, шефот на компанијата Руперт Штадлер на прес-конференција ја именуваше неговата минимална цена.

Во Германија, вредноста на „Audi e-tron“ започнува од 80.000 евра. Сериската верзија на моделот сè уште не е претставена, но како што се очекуваше, во голема мера ќе го повтори истоимениот концепт.

Прототипот на „Audi e-tron“ се карактеризира со аголен и спортски дизајн, „LED“ оптика и масивен преден панел кој ја имитира решетката на ладилникот.

Очекуваниот домет на првиот електричен кросовер на „Audi“ е 500 км. За него, енергија ќе обезбеди 95-kw батерија која ќе ги напојува трите мотори.

Во корпоративното семејство „Audi e-tron“ ќе биде лоциран помеѓу „Audi Q5“ и „Q73, а неговите конкуренти ќе бидат „Tesla Model X“ и „Jaguar I-Pace“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП