19 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАKон акцијата „Часот на планетата Земја“ се вклучува и Карпош

Kон акцијата „Часот на планетата Земја“ се вклучува и Карпош

Општина Карпош трета година по ред се вклучува во глобалната иницијатива „Часот на планетата земја“.

Општината соопшти дека во организација на Секторот за екологија и енергетска ефикасност при локалната самоуправа, во соработка со Црвен крст на Република Македонија и Светскиот фонд за природа, утре во 20:30 часот на плоштадот „ПБК-Пецо Божиновски Кочо“ (спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“) преку симболично исклучување на осветлувањето на плоштадот во траење од еден час ќе се испрати порака за спас на планетата земја.

Децата од Црвен крст Карпош ќе постават свеќички во форма на знакот 60+.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП