11 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд денеска електронско издавање дозволи за градба

Од денеска електронско издавање дозволи за градба

el

Во сите општини во Македонија од денеска целокупната постапка за издавање одобренија за градба ќе се одвива електронски. Барањето ќе се поднесува електронски и одобрението ќе се издава во електронска форма. Доколку се издаде во печатена форма тоа ќе биде ништовно. Надлежните се подготвени, администрацијата обучена.

Целокупниот процес од апликација се до издавање одобрение за градба и жалбената постапка ќе оди по електронски пат. Општините исто така електронски ќе комуницираат со своите служби во рамки на општината, како и со институциите и јавните претпријатија од кои треба да добијат соодветните согласности. Откако сите документи ќе бидат во ред по електронски пат општината ќе биде информирана дека се платени комуналиите и одобрението по електронски пат ќе биде дадено.  Постапката треба да се поедностави, да се забрза и да стане потранспарентна, бидејќи секој барател во секој момент ќе може да види кај кого е неговиот предмет. Досега според законското решение дозволата требаше да се издаде до 45 дена, а сега се очекува тоа да се скрати.

Општините ќе го користат софтверот на ЗЕЛС, а за да функционира системот треба да набават и електронски потпис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП