ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради најавените реформи се протестираше по улиците во Франција

Поради најавените реформи се протестираше по улиците во Франција

Стотици илјади луѓе излегоа на улиците во Франција поради најавените реформи кои би требало да доведат до укинување на 120.000 работни места во јавните служби.

Поради протестите училиштата беа затворени, а сообраќајот во хаос.

Според наводите на полицијата, на протестите се собрале 200.000 луѓе ширум земјата, додека синдикатите што ги организираа демонстрациите наведоа дека на улиците излегле повеќе од 500.000 лица, а само во Париз се собрале 47.000 граѓани.

Инциденти помеѓу демонстрантите и полицијата којашто фрлаше солзавец се регистрирани во Париз, Нант и Рен. Француските медиуми пренесоа дека протестите и штрајкот на железничарите и вработените во јавните служби претставуваат тест за претседателот Емануел Макрон, кој е на власт од мај минатата година.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП