5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПаника во Европа! Затворите се пренатрупани, наскоро ќе нема место за криминалците!

Паника во Европа! Затворите се пренатрупани, наскоро ќе нема место за криминалците!

Светот останува без затворски простор, според истражувањето за неколку година криминалците ќе бидат на слобода!

Според годишниот статички извештај за состојбата на затворите за 2016-та година, објавен на 20-ти март на Советот на Европа во Стразбург, според  податоците затворите се речиси исполнети до последно место, објави прес-службата на Советот на Европа.

Со порастот на затворање од 6,6% Србија е една од земјите во кои стапката е највисока, стои во анализите на „СЕ“ за 2016-та година.

Во истата група спаѓа и Бугарија, со раст на затворање од 10,8 %, Турција 9,5 %, Република Чешка 7,6 % и Данска од 5,5%.

Од друга страна, стапката најмногу опаѓа во Исланд, во Северна Ирска, Литванија, Белгија и во Грузија.

„Во многу земји, ова станува сериозен проблем, при што 13 од 47 затворски управи пријавија дека има повеќе затвореници, отколку места“, се истакнува во извештајот.

Како што се наведува, највисоки нивоа на пренатрупаност се забележани и во Македонија, која има 132 затвореници на 100 расположливи места, во Унгарија (132), Кипар (127), Белгија (120), Франција (117), Португалија (109), Италија (109), Албанија (108), Чешка Република (108), Романија (106) и Турција (103).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП