3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенеска облачно со повремени врнежи од дожд и снег

Денеска облачно со повремени врнежи од дожд и снег

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи со слаб до умерен интензитет, во јужната половина претежно од дожд, во северната од снег, информира УХРМ.

Повеќе врнежи ќе има во попладневните и вечерните часови и тогаш повторно речиси насекаде ќе бидат од снег, освен на југоистокот. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурата ќе достигне од 2 до 9 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно, попладне со врнежи од снег. Температурата ќе достигне 3 степени.

За време на викендот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во претпладневните часови. Наутро на повеќето места температурите ќе бидат за 2 до 3 степени под нулата. Во сабота во западните делови ќе провејува слаб снег, а на југоистокот ќе има слаб дожд. Постепено затоплување со врнежи главно од дожд ќе има од недела попладне.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП